По завршувањето на средбата, премиерот Димитар Ковачевски дава изјава за медиуми заедно со лидерите од владината коалиција. На средбата беа присутни лидерите од сите коалициони партнери на Владата.

Целта на денешната средба е да се потенцираат силните активности на Владата во насока на водењето на економските политики во земјава во услови на светска криза. Коалиционите партнери предвидено е да разговараат за мерките и поддршката за зголемување на стандардот на граѓаните во овој период на најголема економска криза како и политиките поврзани со евроинтеграциите.

На средбата уште еднаш ќе биде реафирмиран ставот за стратешките приоритети на државата, ќе се разговара за евроинтеграциските процеси и разговорите со Бугарија.