Пишува: Проф. д-р Огњан Минчев
Бугарија нема проблем со прифатената од Скопје обврска за впишување на Бугарите во Уставот. Тоа е барање на Европската комисија за започнување на преговорите за членство со РС Македонија. Бугарија има проблем со однесувањето на официјални лица во Скопје, кои отворено и бескрупулозно користат хулигански јазик во однос на бугарската држава и бугарски официјални лица. Тоа е надвор од секакви процедури за членство на Скопје во ЕУ или на друго место.
Очигледно е дека режимот во Скопје бара провокација и конфликт со Софија за да ја „докаже” на Брисел својата претензија за повлекување на неопходноста од уставни измени. Имаме доволно големо искуство со владеењето на Скопје од српски марионети во последните 100 години. Категорично не треба да потпаѓаме на провокациите за скандал меѓу двете држави. Треба да останеме смирени, но не и безидејни.
По таквите изјави бугарскиот амбасадор во Скопје треба да биде повикан на консултации во Софија. При рецидив да биде отповикан и да биде симнато нивото на дипломатско претставништво на двете земји во Софија и во Скопје.
Јас од поодамна ја сметам бугарската политика кон Македонија за немислена и неуспешна, посебно по 2019 та година. Но , толеранцијата кон арогантното однесување на Скопје не треба да продолжува. Дали можете да си замислите ако Бугарија во времето кога влегуваше во ЕУ користеше таков јазик кон Грција ? Никому во ЕУ не му се потребни арогантни и невоспитани чиновници кои сеат раздор и скандали за да ги исполнуваат нарачките на нивните господари од Белград или од друго место.
Извор: Трибуна