„Во интервјуто на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за ФАЦ, помеѓу другото, обзнанува нешто што ние извесен временски период го знаевме, но чекавме да добиеме солидни податоци за да го потврдиме во јавност. А, тоа е дека има една нечесна коалиција помеѓу ДУИ, пред се Али Ахмети и Артан Груби, СДСМ и поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ каде што се тргува со различни идеи. Едни идеи биле да се обезбедат пратеници за уставни измени, па кога се видело дека тоа е невозможно затоа што сите 44 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат јасен став против промена на Уставот под бугарски диктат, што и се покажа на гласањето на 18 август оваа година во Собранието, се преминало кон други идеи за ослабнување на ВМРО-ДПМНЕ“, вели во интервју за телевизија Шења,  кај новинарот Насер Селмани, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во однос последните случувања во партијата.

Николоски додаде дека таквата идеја пропаднала и дека во моментов, сценариото за обезбедување пратеници за уставни измени веќе е „адакта“, зошто ниеден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа и тоа се покажа на 18 август.

Откако пропаднала оваа идеја, Николоски вели дека после тоа се разговараат или се размислуваат други идеи и сценарија кој што се насочени во насока на намалување на разултатот на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори.

„Што е многу интерсно, многу прецизно ги бирам зборовите, значи не вели пораз на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори, туку намалување на резултатот што значи дека дури и оние кои што по природа треба да се оптимисти, мислам тука пред се на владејачката коалиција ДУИ и СДСМ, дури и тие знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните парламетарни избори. И сега прашањето е колкава ќе биде разликата, колку пратеници ќе има ВМРО-ДПМНЕ“, вели Николоски.

Тука е целта, посочува Николоски, да ВМРО-ДПМНЕ има помалку пратеници се со цел да може да биде уценувано за формирање на идна влада или со притисок да се изгласаат овие уставни измени под бугарски диктат или да се прават некакви широки коалиции, или некакви амнестии на криминалци кој што се во моментов во власта.

„Значи, тоа им е рамислувањето за кое што се активирале сега, а секако и тоа нема да им успее но тоа е очајот со кој што се соочуваат. И во такви разговори, за жал, е вклучен и поранешниот претседател на партијата и тоа се случува извесен временски период, некаде поинтензивно од февруари месец оваа година, па завршувајќи со овие неколку денови. И ако внимателно се гледа неговата реакција, таму, помеѓу другото, и се посакува пораз или лош резултат на партијата и така завршува во суштина неговото обраќање, што е нечесно кон партијата затоа што, мислам дека кога некој градел одредена куќа, најмалку што може да направи е после тоа да не се меша во таа куќа, а не да ја урива куќата“, истакна Николоски.