Како што дознава Алмакос од потврдени извори во Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, тројца руски дипломати неодамна се прогласени за нон грата, односно ќе бидат протерани од нашата земја поради кршење на дипломатскиот код со нивни сомнителни активности.

Имињата на протераните Руси пишуваат од редакцијата на Алмакос,  се политичките советници И.Хропјачков, А.Рождевсдвенски, како и аташето С.Попов, кој според  изворите на Алмакос извршиле несоодветни дипломатски дејствија.

Од информациите добиени од надлежните органи, овие лица вршеле дејствија што се спротивни на Виенската конвенција за дипломатски односи и во следните пет дена ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија.

Алмакос дознава и дека други специјализирани безбедносни органи го протерале свештеникот на Руската црква В.Змеј.

Дипломатската војна што Русија се обидува да ја прошири на Северна Македонија се засили особено по членството на Северна Македонија во НАТО.

Во меѓувреме, Северна Македонија е внимателна во зачувувањето на својот суверенитет од руското однесување и агресија во земјата.