Министерството за здравство информираше дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 1.668 тестирања, а регистрирани се 107 новислучаи на КОВИД-19.

Регистрирани сe 247 оздравени пациенти, додека пак пријавени во текот на изминатите 24 часа се и 19 починати лица.

  • 12 починати лица од Скопје (86г, 84, 80г, 75г, 75г, 73г, 67г, 65г, 63г, 57г, 48г и 39г)
  • 2 починати лица од Куманово (71г и 42г)
  • 1 починато лице од Богданци (70г)
  • 1 починато лице од Велес (73г)
  • 1 починато лице од Гевгелија (69г)
  • 1 починато лице од Кичево (69г)
  • 1 починато лице од  Македонска Каменица (87г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 16.09.2021 до 04.10.2021 година. Регистрирани се двајца починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово,Гевгелија и Велес, на возраст од 59 до 79 години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.197б ројката на оздравени пациенти е 183.474, на починати е 6.964, а бројот на активни случаи изнесува 6.759.