19-годишна девојка загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера, околу 16:20 часот, на регионалниот пат Скопје-Тетово.

„Патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната М.Џ. од село Семениште, Општина Сарај, излетало од патот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.М.(19) од село Семениште, која била пренесена во Комплекс клники „Мајка Тереза“, каде што во 17:40 часот лекар констатирал смрт“, информира МВР.

Со телесни повреди се здобиле сопатничките А.М.(21), А.М.(21) и Р.М.(24), сите од село Семениште, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршиле екипа на СВР Скопје и јавен обвинител по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.