Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека од златарата во Гостивар се украдени околу 18 килограми злато во вредност од околу 1,8 милиони евра.
Разбојниците по кражбата побегнале со патничко возило БМВ без регистарски таблички кое потоа е пронајдено опожарено на регионалниот пат Мавровска крстосница – село Маврово.
– Пожарот е изгаснат од Територијалната протившпожарна единица Гостивар и при вршење на увидот во возилото е пронајдена автоматска пушка со бајонет. По наредба на јавен обвинител возилото е однесено во кругот на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот, велат од Министерството за внатрешни работи.
Кражбата е пријавена во полиција вчера во 18:45 часот.
Текстот 18 килограми злато украле разбојниците снимени додека ја ограбуваат златарата во Гостивар е превземен од МАКФАКС.