На 13.11.2024 во 01.15 часот, на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, во близина на охридската населба „Елешец“, патнички автомобил „пежо“ со охридски регистарски таблици, управуван од Д.Ц.(18) од Охрид, излетал од патот.
Д.Ц. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал доктор од Итната медицинска помош, додека 16- годишен сопатник од Охрид е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.