Затворени пет големи ланци на маркети, но казнети вкупно седум маркети-во вкупна вредност од скоро 70 000 евра, во Чаир, Тафталиџе, Кисела Вода, Бутел како и во Струга и Кичево, пренесува Телевизија 24.
Директорот на ДПИ Горан Трајковски вели дека најмногу придонеле граѓаните кои пријавувале неправилности. А граѓаните пак, велат дека последниве месеци цените енормно се зголемени, а моменталното намалување речиси и да не го забележуваат, поради досегашниот стандард и нивните месечни примања.
Од 20-ти септември на сила е владината мерка-со која стотина прехранбени производи се вратија на цените од минатиот месец, односно намалени за 10 отсто. Производите со намалена цена се означени со налепница на која пишува „гарантиртана цена“.