Сите протерани руски дипломати од Северна Македонија излегувале надвор од статуст што им е даден при доаѓањето и тоа е докажано до последната буква, вели претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за Гласот на Америка на македонски (ВОА). Тој вели дека односите со Русија се на најнисо ниво во изминатиот период.
– Во изминатите две години ние протеравме, без последниве тројца, 18 руски дипломати, кои беа со статус на дипломати и се бавеа со шпионажа. Секој поединечен случај од тие 18 и овие три плус, нашите служби со помош од партнерските и пријателски служби од НАТО-алијансата докажаа до последна буква дека тие излегуваат надвор од статусот кој им е даден при доаѓањето во Македонија. Значи, тие не беа дипломати и заради тоа беа протерани“, вели Пендаровски за ВОА.
На прашањето за реципрочните мерки што Руската Федерација ги најави кон Северна Македонија, Пендаровски вели дека е логично тоа да се случи, но нагласува дека земјава немала друг избор освен да побара дипломатите да си одат.