Најмалку 170 Палестинци помлади од 18 години се убиени во израелските напади на окупираниот Западен Брег, а повеќе од 1.400 се повредени од 7 октомври минатата година, соопшти хуманитарната организација „Спасете ги децата“.
Организацијата наведува дека бројот на палестински деца убиени во израелските напади на окупираниот Западен Брег е двојно зголемен од 7 октомври минатата година, објави Sky News.
Од 170 загинати деца, 70 биле на возраст под 15, а четири на возраст под девет години, се прецизира во соопштението.
Текстот 170 Палестинци помлади од 18 години загинаа на Западниот Брег од 7 октомври 2023 година е превземен од МАКФАКС.