реклама
Скоро не постои работа која не е стресна од време на време, а во долгорочна студија научниците открија која работа е најстресна.
Брокер, возач на автобус, воспитувачка во градинка, пилот, доктор, сето ова се работни места кои би можеле да ги замислиме да го заземат првото место на листата на најстресни работи во светот. Но, најстресната работа на светот е работата на келнер, барем според студијата на јужниот медицински универзитет во Кина.
реклама
На почетокот тоа може да биде малку изненадувачки, бидејќи тоа е работа со помала одговорност од, на пример, пилот. Но, ако размислите добро, резултатот од студијата изгледа убедлив. Келнерите се постојано под ментален и физички притисок во текот на работното време, а факторот на стрес е исклучително висок.
За возврат, тие добиваат малку благодарност и, како тоа да не е доволно, работата е многу нефлексибилна. Конечно, за разлика од на пример лекарите, келнерите не се наградуваат со добра плата и признание. Научниците откриле и дека стресот предизвикува многу почесто користење на цигари и алкохол кај келнерите. Долгорочната студија беше спроведена 17 години со вкупно 136.000 учесници.
реклама