На 28.04.2021 во 22.40 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен 17-годишник со убодна рана од остар предмет.
Според неговиот исказ, околу 20.30 часот на ул.„Македонско-Косовска бригада“ бил физички нападнат од три лица кои со остар предмет му нанеле убодна рана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.