Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 4 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 65 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 11 оздравени пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 22 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 35 пациенти.
Вкупно 65 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 99 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 11 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 10 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 6 пациенти, во Велес се лекуваат 8 болни, а во Куманово 23 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 15 пациенти, во Прилеп 6, во ковид центарот во Гостивар 4, а во Струга78 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 7 пациенти, во Кичево 2 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 164 и има околу
490 празни болнички кревети во ковид центрите.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.