Познатата американска психоаналитичарка Ненси Вилијамс дефинираше знаци на ментално здрава личност.
1. Способност да сака – да сакате личност и да ја прифатите со сите маани и недостатоци.
2. Способност „да игра“ – да користиме хумор, симболи, метафори итн.
3. Работни способности – важно е човекот да знае дека неговиот труд е важен.
4. Здрава врска – психологот Бовилби дефинирал три вида поврзаност:
– нормална
– анксиозна и
– избегнување.
5. Самостојност – автономија, самостојно управување со животот.
6. Упорност, доследност кон себе – тоа е врска со детето во вас, кои сте вие сега и кои сте биле, но и кои ќе бидете.
7. Толеранција на стрес – стресот е насекаде околу нас, на нас е да се избориме со него.
8. Реална самопочит – ниту претерано критични, ниту претерано сигурни во себе дека сте најдобри.
9. Систем на вредности – психички здравата личност треба да знае да се цени себеси, но и социјалните норми.
10. Способност за издржување на голем наплив емоции.
11. Рефлексија – способност да ги согледате вашите проблеми однадвор.
12. Емпатија – способност да препознаете како некоја друга личност се чувствува и да ја разберете.
13. Способност различно да одговорите на различни стресни ситуации.
14. Рамнотежа т.е. балансирање меѓу грижата за другите и сопствените потреби.
15. Способност да се чувствувате живи – многу од психолозите зборуваат за внатрешна „смрт“ (личност која однадвор е физички здрава, а внатрешно празна и мртва).
16. Прифаќање на тоа што не можеме да го промениме – оваа способност им помага на луѓето да ги пребродат тешките моменти и времиња.