Синоќа околу 20:30 часот, 16-годишно момче, кое управувало возило џип марка „БМВ Х6“ удрило доктор во близина на клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Автомобилот бил со скопски регистарски ознаки, а го удрил 58 годишниот доктор кој пеш ја поминувал улицата. Инцидентот е потврден и од МВР.

„Во незгодата со тешки телесни повреди се задобил пешакот кој бил пренесен во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а лицето е приведено“, велат од Министерството за внатрешни работи.