Тренерот на Партизан, Александар Станојевиќ во финишот на преодниот рок во Србија би можел да добие уште едно засилување, а тоа е Македонецот Димитар Митровски (22), пишуваат тамошните медиуми.
Митровски игра на позицијата напаѓач, офанзивен играч за врска и крилен фудбалер. Српските медиуми објавија дека во изминатите неколку денови Митровски тренира и работи со фудбалерите на Партизан, а доколку ги покаже своите квалитети кај тренерот Станојевиќ, тогаш ќе потпише договор.
Митровски во моментов е слободен играч, почна во Работнички, а во изминатите три години помина во вториот тим на Спортинг Лисабон, каде за жал не се снајде најдобро.