Голманот на македонската репрезентација Столе Димитриевски вели дека е свесен за загубената шанса против Исланд и испуштената победа и покрај водството од 2:0. Како што вели тој, одиграле добри 75 минути, но на крајот неговата грешка, но и психолошкиот пад скапо ги чинело. Димитриевски додава дека се е анализирано добро, дека напорно работеле во изминатиот период со цел да ги отстранат сите грешки и недостатоци.
-Одигрвме одлични 75 минути. Имавме една индивидуална грешка, имавме психолошки пад, но како што рече селекторот, анализиравме се, што се случило, зошто, како мојата грешка, така и падот. Направивме анализра, работиме напорно, вели Димитриевски.
Тој вели дека на последните два меча во дефанзивата пред се играат добро и се надева дека на мечот со Романија нема да биде совладан.
-Очигледно е дека на последните два натпревари, шансите на противниците се минимизирани на максимум. Тоа значи дека тимски добро играме во дефанзива, дека добро се поставаме, иако само со два три тенинга имаме одработено, ја сфаќаме идејата од шефот што бара од нас. Мислам дека на следниот натпревар јас и моите колеги од целиот тим ќе дадеме максимум да не бидеме совладани како на првиот натпревар, вели Столе Димитриевски.
Натпреварот Македонија-Романија од квалификациите за СП се игра утре вечер со почеток во 20:45 часот.