Извинување до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, неговото семејство и партијата осамна на профилот на социјалните мрежи со име Роберт Типчето откако претходно беа упатени закани за опозицискиот лидер.

Заканувачот пишува дека тоа било момент на недоволна промисленост и нема намера никого да убие.

„Не сум направил никакво убиство досега во мојот живот ниту имам план да сторам таков ригорозен чин. Момент на недоволна промисленост. Воедно, секој греши како човек, ве уверувам нема од тоа ништо. Како и секој млад, и јас во моментот не се наоѓам во Република Македонија, работам надвор од државата. Уште еднаш јавно до целата нација на Република Македонија и самиот претседател Христијан Мицкоски и до неговата фамилија лично му се извинувам за немилиот настан и ја прифаќам грешката, пишува на фв профилот на оваа личност.
Претходно во текот на денот, во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ се вели:
Власта губи контрола, лицето кое јавно се заканува по животот на Мицкоски и неговите деца е поддржувач на Ковачевски, а добил благодарница од Пендаровски.
Заканите кон семејството и децата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се акт на вандализам и варварско водење на политиката од страна на власта. Поминаа 24 часа ниту СДС, ниту Пендаровски се оградија од лицето кое на социјалните мрежи се заканува по животот на лидерот на ВМРО -ДПМНЕ и неговите деца.