Како Синдикат на вработените во Министерството за финансии изрзуваме големо жалење во врска со последните случувања со зголемувањето на нашите плати, истакнуваат од Синдикатот на вработени во Министерството за финансии.
Од Синдикатот најавуваат масовни штрајкови, доколку чл.66 од Законот за буџети, се толкува така што само некои треба да добијат 30 отсто зголемување на платата.
„Пред извесен временски период се донесе Закон за буџети со политички консензус од сите пратенички групи, со кој се предвидува зголемување на платите на сите вработени во Министерството за 30%. Министерот за финансии, Фатмир Бесими тврди дека тоа покачување се однесува само за определен сектор – Секторот за буџети, а не за сите вработени. Во таа насока на денешната седница на Законодавно-правната комисија, владата сака да прошверцува автентично толкување на одредбата од чл.66 од Законот, со кој што сака да го ограничи правото на покачување само на дел од вработените“, појаснуваат од Синдикатот.
Одредбата од чл.66 во Законот, како што додаваат, е јасна, таа предвидува зголемување на платите на сите вработени во Министерството.
„Доколку не се зголемат платите на сите вработени во Министерството како што предвидува Законот, ние како вработени ќе пристапиме кон масовни штрајкови“, се потенцира во пишаната информација од страна на Синдикатот на вработените во Министерството за финансии.