Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.513 тестови, а регистрирани се 1.117 нови случаи на КОВИД-19.
Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 154 реинфекции. Во изминатото деноноќие починале 14 пациенти, а дополнително според регистарот на починати преку системот Мој термин пријавени се уште осум смртни случаи.
Како што информираат од Министерството за здравство, од вкупниот број починати, кај 21 лице се регистрирани коморбилитети. Во изминатите 24 часа оздравеле 1059 пациенти, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 8.821.