Кристијано Роналдо дури вечерва на Инстаграм се огласи по повод неговите 770 голови во кариерата. Иако уште од претходно се спомнуваше дека тој го престигнал Пеле кој постигнал 767 голови, сепак Роналдо не се огласуваше. Вечерва тој испрати емотивна порака преку Инстаграм.
-Денес, кога стигнувам до 770 официјални гола во кариерата, прво се вртам кон Пеле. Нема играч на светот кој не пораснал со приказните за неговите игри, неговите голови и достигнувања, и јас не сум исклучок. Поради оваа причина, исполнет сум со радост и гордост кога ги препознавам головите што ме ставаат на врвот на светската листа на стрелци, дозволувајќи ми да го надминам рекордот на Пеле, напиша Кристијано Роналдо на Инстаграм, каде воедно откри зошто досега не се огласил по повод ова.
-Моето вечно и безусловно воодушевување од господинот Едсон Арантис до Насименто, како и мојата почит кон фудбалот во средината на 20 век, ме натера да верувам дека тој постигна 767 гола, вклучително и 9 гола за националниот тим на државата Сао Паоло, како и еден гол за армискиот тим на официјален натпревар. Светот се промени од тогаш, и фудбалот се смени, но тоа не значи дека можеме само да ја избришеме историјата заради нашите интереси, пишува Роналдо.