Бугарскиот владин авион Спартан лета кон Охрид за да го транспортира Христијан Пендиков во Софија, пренесува Трибуна.

Претепаниот Пендиков ќе биде придружуван од неговото семејство, објави еден од организаторите на утрешниот протест во поддршка на Христијан што ќе се одржи во Софија. Од организацијата Куберов воин изразуваат благодарност до претседателот Румен Радев , вицепремиерот Иван Демерџиев, пратениците Елисавета Белобрадова и Димо Дренчев, европратеникот Ангел Џамбаски, поранешниот министер за одбрана Красимир Каракачанов и сите кои помогнале тоа да се случи, стои во соопштението на Куберов воин.

Инаку, на www.flightradar24.com може да се регистрира бугарскиот владин авион дека слетал во Охрид.