Теренската мисија на ОБСЕ во голема мера придонесува за стабилност и развој на земјите. Северна Македонија е конкретен успешен пример дека теренските активности и заложбата на ОБСЕ низ годините доведе меѓу другото и до денешниот модел на функционална мултиетничка демократија, активноста на терен на ОБСЕ ќе продолжат засилено, најави Бујар Османи, министер за надворешни работи и претсдеавач со ОБСЕ.

„Ќе работиме напорно за да ја промовираме и поддржиме работата на теренските операции на ОБСЕ, како и да ги интегрираме нивните многубројни успешни приказни – приказни за вистинската, конкретна корист што секојдневно им се носи на луѓето.“ Треба да ги преточиме зборовите во дела, да покажеме политичка волја и да бидеме одговорни за нашите постапки. Луѓето од целиот регион на ОБСЕ очекуваат и заслужуваат одговорни политики“, рече претседавачот Османи.

Претседавачот Османи, во понатамошното обраќање рече дека Организацијата мора да продолжи активно да работи на решавање и спречување на конфликти, враќање на довербата, борба против корупцијата, обезбедување добро владеење, унапредување на човековите права, како и да биде активна на сите полиња во кои делува и има докажани резултати. Османи истакна дека во фокусот ќе бидат теренските мисии и операции на ОБСЕ кои носат конкретни придобивки за луѓето.