Ние сме една група на незадоволни членови на партијата. Бараме дебати, да функционираат органите и секако да има отчет за сработеното. Хронолошки од почеток не бевме задоволни со избраните министри, но потоа дадовме можност. Таа можност е веке две години. – вели Ганиу за „Студио 10“.

– Како група, немаме ништо лично кон Груби. Самата ситуација се базира само врз фактите на тоа што е сработено. Тој е првиот заменик премиер во делот каде владее ДУИ. Бараваме сите министри, но прв Груби да се тргне. Он е носител на сите овие министри. Артан Груби потфрли сега. По два посто имаме реализација на програмата. Веке сме во третата година и не гледаме причина со каков било интензитет да го исполни тоа што сме го ветиле на граѓаните.

Сакаме внатре да делуваме и да функционираме врз база на нашиот статут на партијата. Денеска имаме многу недостижни членови на партијата кои не креваат ни телефон.

Продолжуваме со теренски активности. Гледаме каде имаат потреба граѓаните да помогнеме. Немаме намера да формираме нова политичка партија. Не бараме ништо повеке од лидерот, туку да се пресечи врз база на аргументи на маса. – вели за „Студио 10“ градоначалникот на Чаир.