На Германија итно и е потребен кадар за работа. Земјата во иднина планира да собере околу 50.000 балканци. Германските власти ја разгледувата опцијата да ја удвојат квотата за доселување на неквалификуван кадар од Македонија, но и од соседството, односно од Србија, БИХ, Косово, Албанија, Црна Гора, за да ги пополнaт празните работни места. Ова го пишува во предлог законот кој го има на увид германската новинска агенција ДПА.

Како што објави Телма, според документот се олеснува и процедурата за добивање на германско државјанство. Тоа значи дека странците не мора да се откажат од пасошот на матичната земја. Исто така, иселениците за да добијат државјанство ќе можат да аплицраат и по пет години престој, наместо како што е сега по осум години. Периодот од пет години ќе има опција и дополнително да се скрати, ако апликантот покаже дека има добри резултати на училиште или на работа.

Ваквите олеснувања дополнително ќе ја испразнат државава, сметаат домашните стопанственици. Велат дека ова треба да биде аларм за владата да преземе нешто и да се обиде да ги задржи работниците тука особено младите.