Патнички воз утрово излетал од шините во близина на железничката станица Кадина Река. Нема повредени патници, пренесува „Плусинфо“ од извори од Македонски Железници-Транспорт.

– Машина и вагон испаднале од шините кај железничката станица Кадина Река, од левата страна на реката Вардар. Се работи за патничкиот воз кој утрово тргнал од Гевгелија кон Скопје. Нема повредени лица – се вели во изјавата од Македонски Железници-Транспорт која ја пренесува „Плусинфо“.