Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини преку социјалните мрежи напиша дека е симптоматично зошто Владо Бучковски и Бујар Османи биле најистурените играчи во преговорите со Бугарија за спорот. Како што е познато Бучковски беше назначен како специјален посредник, а потоа и разрешен, а Бујар Османи е Министер за надворешни работи. Хајредини загонетно вели:
-Некогаш ќе се дознае зошто Заев на најистурени позиции да преговараат со Бугарија ги постави токму Бујар и Бучко, двајцата со коруптивни афери, за кои Бугарите сметаат дека имаат одмерени погледи за разврска на јазолот и дека Бугарија не ги спори македонскиот идентитет и јазик.























