Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има 3 хоспитализирани нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 51 лице сомнително и потврдено за Ковид 19 се лекува на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември исто така немало примени пациенти, и 3 нови заболени се хоспитслизирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 7 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 16 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 28 пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 134 и има околу
515 празни болнички кревети во ковид центрите.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.