Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со децата од групните домови при Јавните установи „25 мај“ и „11 октомври“ беше во посета на Крушево.
Во текот на целодневната дружба, соопштија од МТСП, децата имаа можност да се возат со жичарницата, што за некои од нив беше прво искуство.
![]()
Денешната посета, се наведува, беше можност и за посета на вечното почивалиште и спомен куќата на Тоше Проески.
Министерката Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски и децата од групните домови положиле свежо свеќе и оддадоа почит кон делото на Тоше.
– Спомен куќата на Тоше Проески, беше навистина интересно искуство за децата. Тука можеа да слушнат дел од животот на Тоше и да видат одблиску дел од неговите лични предмети. Заедничката предновогодишна дружба беше заокружена со убава храна и песна, овозможена од Фондација Заев-Едно општество за сите, стои во соопштението од МТСП.
![]()
Како Влада и ресорно министерство во чија надлежност е грижата за ранливите категории, најавуваат од МТСП, продолжуваме да креираме политики и мерки кои го унапредуваат квалитетот на нивниот живот.























