Здружението на граѓани за промоција, издавање, иницијативи и меѓународна соработка ДЕЛО Скопје, на ден 20.12.2022 година, до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација поднесе претставка за престанок на функцијата на сите членови на истата согласно член 20 став (2) точка 1 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, поради нестручно, пристрасно и несовесно вршење на функцијата, заради сторена континуиранаДиректна дискриминација во областа на управата, во смисла на член 5, член 6, член 8 став (1) а во врска со член 3 став (2) точка 4 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, кон Здружението ДЕЛО Скопје и Индиректна дискриминација кон граѓаните на Република Северна Македонија со бугарскa национално самосознание и кон сите граѓани на РСМ без разлика на етничка припадност, а кои се за соживот и за добри односи со бугарскиот народ и држава, во смисла на член 5, член 6, член 8 став (2) а во врска со член 3 став (2) точка 4 од Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Од Здружението наведуваат дека Комисијата ги кочи сите претставки кои се поднесени за говор на омраза спрема бугарскиот народ и држава, на начин што ги дерогира одредбите од материјалниот закон и од Законот за општата управна постапка, ги пробива роковите за донесување на Мислење за утврдување на дискриминација, и што е најбитно не ги применува одредбите од Меморандумот за соработка склучен помеѓу Комисијата и МВР, така што овој орган место да придонесува за превенција на говорот на омраза, напротив истиот го стимулира, што е против-уставно, незаконито и спротивно на Договорот за добрососедство и пријателство помеѓу Р.С.Македонија и Р.Бугарија и превземените обврски од францускиот предлог.
Согласно горенаведеното, за ваквото постапување, односно непостапување на Комисијата ќе бидат известени сите меѓународни организации и дипломатско-конзуларни претставништва и Собранието на РСМ како непосредно надлежно тело кое ги именува и избира членовите на Комисијата.























