Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.691 тестирања, а регистрирани се 53 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 29, Прилеп – 7, Куманово – 4, Битола, Гостивар, Охрид и Кичево – по 2,Тетово, Кочани, Радовиш, Берово и Валандово – по 1.
Пријавени се вкупно 13 починати лица: 5 лица од Скопје (51г,63г,68г,81г и 88г), 3 лица од Струмица (62г,74г и 88г), 2 лица од Битола (68г и 82г) и по едно лица од Тетово (71г), Гостивар (80г) и Струга (81г).
Од пријавените, 4 лица се починати во домашни, а останатите 9 во болнички услови.
Регистрирани се 111 оздравени пациенти од:
Скопје – 48, Прилеп – 10, Куманово, Битола и Радовиш – по 8, Кичево – 7,Дебар – 5, Штип – 3, Кавадарци и Ресен – по 2, Тетово, Кочани, Валандово, Струмица, Свети Николе, Виница, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Македонска Каменица – по 1.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.169, бројката на оздравени пациенти е 147.301, на починати е 5.369, а бројот на активни случаи изнесува 2.499.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.