Полицијата во Хонг Конг уапси 13 лица како дел од истрагата за пожар во станбен комплекс во кој загинаа најмалку 151 лице, објави кинеската државна новинска агенција „Ксинхуа“, повикувајќи се на локалните власти.
Во извештајот се наведува дека седум од 20 примероци од материјалот на зградата, кои беа собрани од изгорените облакодери, не ги исполнуваа стандардите за отпорност на пожар.
„Ксинхуа“ додава дека полицијата продолжува да ја истражува несреќата.
Пожар зафати осум облакодери во Хонг Конг во средата, 26 ноември.
Фото: ЕПА
Текстот 13 лица уапсени во врска со смртоносниот пожар во Хонг Конг е превземен од МАКФАКС.























