Министерот за здравство Илир Демири денеска посети две пациентки со цистична фиброза кои во примија лекот Трикафта на Клиниката за детски болести, информира Министерството за здравство.
Досега, 32 пациенти имаат примено Трикафта кои етапно се вклучуваат на терапија.
Лекот Трикафта е безбеден лек, одобрен од Европската медицинска агенција и ефектот од терапијата е брз, значителен и одржлив.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.