Во Тирана, како дел од Самитот ЕУ-Западен Балкан со операторите и меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ е потпишан договор за намалување на тарифите за роаминг услугите. Присутен на самитот е и премиерот Ковачевски.

-Денешниот договор за пониски цени во роаминг потпишан меѓу земјите од Западен Балкан и земјите од ЕУ, е уште една силна потврда дека ЕУ не е целосна без регионот, потврда за нашата европска иднина. Со овој договор од денес ќе сме поповрзани со земјите од ЕУ, тие ќе ни се подостапни, што е практична и економска придобивка и за граѓаните и за бизнисот.

Европскиот пат на регионот е трасиран, Северна Македонија се движи со забрзан чекор кон полноправно членство во ЕУ, порача Ковачевски.

На маргините на самитот Ковачевски и Маричиќ имаа средба со Жозеп Борел.

-Разговаравме за актуелните случувањa во Европа, кризата со енергијата, војната во Украина. Го информирав за актуелните процеси во Република Северна Македонија, посебно во делот на започнатиот скрининг процес како и за предизвиците со кои се соочуваме и успешно ги надминуваме.