Веднаш по реизборот за прв човек на ЗНМ, по маратонското изборно собрание, Чадиковски даде изјава во која ги повтори заложбите за професионалност, правда, етика во новинарството. Тој ја истакна и намерата да се засили потенцијалот на македонското новинарство за да може најверно да им служи на граѓаните.

Чадиковски однесе убедлива победа на изборот за прв човек и органите на ЗНМ на најголемиот собир на оваа фела од своето основање во 1946 до денес.

Со 275 гласови, Младен Чадиковски повторно беше избран за претседател на ЗНМ. Од останатите кандидати за претседатели, Марјан Николовски освои 119, а Фиљана Кока 53 гласови. Неважечки ливчиња беа 11 од вкупно 458 гласа.

Собранието на ЗНМ кое брои околу 1.000 членови, започна во 10 наутро и заврши во 18 часот.

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ариан Мехмети