Руската Влада до крајот на 2023 година воведе забрана за извоз на воена опрема, оружје и летала, вклучително и на хеликоптери Ми-2, Ми-8, Ми-17 и Ми-26, за 40-тина земји, меѓу кои е и за Северна Македонија.
Во одлуката објавена на официјалниот портал за правни информации на руската Влада, се наведува дека од Русија не смеат да се извезуваат ракетни-носачи, гориво за нив и компоненти на гориво, беспилотни летала кои можат да летаат повеќе од половина час, теренски камиони со најмалку три оски и мотор со волумен од најмалку 10 литри и теренски оклопни возила тешки повеќе од пет тони.
На списокот на земји во кои не смеат да се извезуваат споменатите производи покрај Северна Македонија, се и членките на Европската унија и НАТО, како и Австралија, Андора, Лихтенштајн, Микронезија, Монако, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Сан Марино, Сингапур, Тајван, Украина, Швајцарија и Јапонија.























