Потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов денеска во Свети Николе се обрати пред граѓаните на трибината под мотото „Силно и одучно кон иднината”.

СДСМ и во време на најголема светска економска криза, не отстапува од социјалдемократските вредности кои значат навремена и целосна грижа за сите граѓани, посветено создадовме антикризен пакет да ја спасиме економијата, да го спасиме животниот стандард на граѓаните и бизнисите на компаниите, порача Костадинов, додавајќи дека резултатите се веќе видливи.

Костадинов потсети дека пред десет месеци македонската економија беше под сериозен притисок од светската криза, а неизвесноста дали ќе има доволно храна и струја беше огромна во светот, не само кај нас.

Како одговор на последиците од светскта енергетска и економска криза, Владата предводена од СДСМ и премиерот Ковачевски креираа и реализираа два пакети мерки за помош вредни над 760 милиони евра, нагласи Костадинов, додавајќи дека само со последниот пакет мерки опфатени се околу 200.000 граѓани со ниски примања, кои четири месеци ќе добиваат финансиска помош за полесно надминување на последиците од кризата.

Мерките на Владата даваат резултат, им се помага на стотици илјади граѓани, се спасија илјадници работни места, почнаа да се намалуваат цените на основните прехранбени производи, во пресрет на зимата обезбедени се финансиски средства, електрична енергија и енергенси, рече Костадинов.

Потпретседателот Костадинов нагласи дека нашиот енергетски систем е стабилизиран и во првата недела од декември ќе биде целосно консолидиран.

Интензивно сме посветени на трансформација на енергетиката, лидери сме во регионот како земја која почна со трансформација на производство на електрична енергија од обновливи извори. Само во изминатите 10 месеци веќе имаме нсталирано 27 мегавати фотонапонски централи во државата, истакна Костадинов.

Тој најави дека до крајот на иднината година, 2023 година, по пат на јавно приватно партнерство ќе бидат пуштени во употреба 130 мегавати на фотоволтаични централи.

Грижата за граѓаните и компаниите продолжува, за таа цел во Буџетот за 2023 обезбедени се дополнителни 250 милиони евра за нови мерки, а обезбедени се и средства за нов раст на минималната плата и пензиите. СДСМ останува на страната на граѓаните, грижата за сите продолжува, порача потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов од трибината во Свети Николе.