Германскиот канцелар рече дека денеска лидерите на Западен Балкан ќе преземат три важни чекори, склучувајќи три важни договори (за патување со лични карти, признавање на дипломи и професионални квалификации).

„Заедничката иднина без граници е клучна за Западен Балкан“, изјави Шолц, на отворањето на Самитот на Берлинскиот процес во главниот град на Германија.

Шолц рече дека во првата година од неговиот мандат разговарал со многу шефови на влади и држави од регионот, особено за стабилноста на Западен Балкан, бидејќи стабилноста на регионот, како што рече, не може да се гледа одвоено од стабилноста на Европа.