Компанијата за организирање и чување лозинки „Норд пас“ за годинава ги објави 200-те најчесто употребувани лозинки на корисниците од 50 земји низ светот.

Лозинката „123456“ и во 2021 година е најчесто користена лозинка во светот, со фрапантни над 100 милиони користења во овие земји.

На листата на 10-те најчесто користени лозинки се и „123456789“, „12345“, „qwerty“, „password“, „12345678“, „111111“, „123123“, „1234567890“ и „1234567“.

Доколку користите вакви лозинки за профилите на социјалните мрежи, мејлови, системи за онлајн плаќања, блогови и слично, може да значат единствено дека во многу брзо време ќе бидете предмет на сајбер напад.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.