По резултатот од изборите во Тетово, предвремени парламентарни избори се повеќе од неопходни, напиша на својот фејсбук профил Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Сајкоски испрати честитки за победата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ на изборите за нов Совет на општина Тетово.

„Ја надополнивме победата од локалните избори. Граѓаните на Тетово покажаа дека се спремни за промени,проекти и победи за подобро Тетово. Според резултатите предвремени парламентарни избори се повеќе од неопходни“, напиша Сајкоски.