Дел од носителите на листите со кандидати за советници во Општина Тетово пред медиумите ги истакнаа своите ставови и пораки откако го направија чинот на гласање во нивните избирачки места, пренесува МИА.

Бесар Дурмиши, носителот на листата со кандидати за советници од Движење Беса денеска во 11 часот гласшеа на избирачкото место во медицинското училиште „Никола Штејн“ во Тетово.

-Го искористив правото на глас, ги молам сите граѓани да гласаат бидејќи советот е многу важна институција и многу важен орган во Општина Тетово. Сите проблеми кои граѓаните ги имаат треба да се решат во овој Совет што ќе формира после овие избори, посочи Бесар Дурмиши.

Ангел Карапетров, носителот на листата со кандидати за советници од редовите на ВМРО ДПМНЕ своето право на глас го оставри на гласачко место во ОУ „Истигбал“ во Тетово.

–Kако што може да се забележи народот почнува се помасовно да излегува на гласачките места.Се надевам дека нема да има обиди за погазување на волјата на граѓаните и изборите ќе поминат во фер и демократска атмосфера. Денес е денот кога народот гласно ќе зборува, изјави Ангел Карапетров.

Своето право на глас го искористи Висар Палоши, носителот на листата од Демократската партија на Албанците (ДПА)

-Денеска е важен ден за градот Тетово, бидејќи денеска завршува целиот демократски процес.Граѓаните да го искористат правото на глас бидејќи само на тој начин може да се направи вистинската промена, порача Палоши.

Елмедина Абдулахи од граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“ порача дека најголем успех граѓаните да гласаат со свое убедување, а не поради притисоците што ги имаат.

–Ова ќе биде најголемото достигнување. Колку и да ни се гласовите, ќе се обидеме да го пренесеме нивниот глас до советот, рече Елмедина Абдулахи.