Во општина Центар Жупа, каде денеска се спроведуваат втори повторени избори за градоначалник, до 11 часот правото на глас го оствариле 1.035 лица или 14 отсто, од вкупно 7154 запишани избирачи.
-Излезноста постепено се зголемува, што е вообичаено за секои избори. До 9 часот имавме 5,69 отсто излезност додека два часа подоцна излезноста е 14 отсто. Во сите 16 гласачки места изборниот процес минува без проблеми, рече Неџип Илјаз, претседател на општинската изборна комисија.






















