Министерството социјална политика, демографија и млади соопштува дека во согласност со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр. 21/98 и 18/07), 11 октомври 2024 година (петок), Ден на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за социјална политика, демографија и млади на граѓаните им го честита Денот на народното востание.