Мал гениј постигна највисока можна оценка на тестот за интелигенција на Менса, претекнувајќи ги Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.

Јусуф Шах (11) има коефициент на интелигенција од 162, што е највисока оценка за секој помлад од 18 години и го става во многу редок процент на луѓе.

Хокинг постигна оценка од 160, а Ајнштајн никогаш официјално не го полагаше тестот, но се верува дека би имал ист број.

“Сите на училиште мислат дека сум навистина паметен и отсекогаш сум сакал да знам каков е мојот коефициент на интелигенција. Посебно е чувството да се има сертификат со овој резултат”, рекол Шах, по потекло од Лидс.

Јусуф моментално е во 6-та форма и се надева дека ќе студира математика на Оксфорд или Кембриџ. Истакнува дека сака да прави работи кои го стимулираат неговиот ум, како на пример да решава Рубикова коцка. Кога првпат го доби, му требаше еден месец да го состави. Покрај тоа, тој ужива да решава судоку.