Израелската агенција за координација на активностите на палестинските територии (COGAT) денес објави дека 108 камиони со хуманитарна помош што превезуваат брашно и храна влегоа во Појасот Газа.

Некои од камионите беа транспортирани до нови места за дистрибуција на помош управувани од Хуманитарната фондација Газа (GHF), која е поддржана од Израел и САД.

Помошта поминала инспекција од страна на израелските власти пред да влезе во Газа преку преминот Керем Шалом, каде што голем број камиони сè уште чекаат, објавува „Тајмс оф Израел“.

Израел ја продолжи испораката на помош за Газа на 19 мај, по пауза од повеќе од два месеци, и оттогаш 1.459 камиони влегле во палестинската енклава.

Обединетите нации и другите хуманитарни агенции наведуваат дека ова не е доволна количина помош за 2,1 милиони жители, предупредувајќи на ширењето на гладот ​​во окупираната енклава и критикувајќи ја новата фондација за помош бидејќи е под контрола на Израел, објавува „Танјуг“.

Текстот 108 камиони со храна и брашно влегоа во Газа е превземен од МАКФАКС.