Тешка сообраќајна несреќа се случила на излезот од Битола кон Кравари. Во несреќата учествувале три возила, патничко комбе, кое пренесувало работници од фабриката Кронберг и Шуберт, патнички автомобил и паркиран камион влекач, информира Телма ТВ.
Според првичните информации од битолската клиничка болница во сообраќајката има 10 повредени лица, од кои две се здобиле со потешки телесни повреди.