Комисијата за здравств на ВМРО-ДПМНЕ одржа Трибина по повод Светски ден на дијабет со цел Едукацијаза заштита на иднината и предизвиците на пациентите со дијабет.➡️Што велат бројките
1 од 10 возрасни луѓе во светот има дијабетес, над 90% имаат дијабетес тип 2
537 милиони луѓе ширум светот живееле со дијабет во 2021 година, а овој број се очекува да порасне на 643 милиони луѓе во 2030 година.
Во Македонија, според регистарот за шеќерна болест за 2022 година бројот на ново регистрирани новодијагностицирани болни со дијабет изнесува 7.737 случаи, а вкупниот број на заболен изнесува 134.668 случаи
➡️Какви типови на дијабет има
Дијабет тип 1 или инсулин-зависен дијабет се карактеризира со целосно отсуство на секреција на инсулин од панкреасот и бара дневна апликација на инсулин
Дијабет тип 2 или инсулин-независен дијабет сочинува над 90% од сите случаи , Овој дијабет се почесто се јавува и кај помладата популација
Гестациски дијабет кој се јавува за време на бременоста. Овие жени и нивните деца имаат зголемен ризик за јавување на Дијабет тип 2 во иднина
✔️Важно е да се знаат факторите на ризик за дијабет
· Семејна историја на дијабетес
· Прекумерна тежина
· Нездрава исхрана
· Физичка неактивност
· Зголемување на возраста
· Висок крвен притисок
· Историја на гестациски дијабетес
· Лошата исхрана за време на бременоста
➡️Каков избор на исхрана е добар
· Избор на вода, кафе или чај наместо овошен сок или други засладени пијалоци со шеќер
·Најмалку три порции зеленчук секој ден
·Избор на јаткасти плодови, парче свежо овошје или незасладен јогурт за ужина
·Ограничување на внесот на алкохол до максимум два стандардни пијалоци дневно
·Избор на посни парчиња бело месо, живина или морска храна наместо црвено или преработено месо
·Избор на незаситени масти како на пример маслиново масло, сончогледово масло, наместо заситени масти како путер, кокосово масло
*Трибината е организирана од Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Сојуз на дијабетичари на Македонија и ЗЕЛС, а се одржа во Домот на култура „Билјана Беличанец“
*Предавачи: д-р Наташа Недевска Минова и проф. Ивица Смоковски
*Се обрати и Маја Чичкариќ, лице со дијабет – стои во објавата на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.