Темата за Република Северна Македонија задолжително ќе помине низ Народното собрание. Ова по Коалициониот совет на владејачките партии во Бугарија го соопшти портпаролката на бугарската влада Лена Бориславова.
„Се договоривме дека за нас е најважно да имаме широк консензус. Ветувањето што го дадовме дека оваа тема дефинитивно ќе помине низ Народното собрание се потврди уште еднаш. За нас е важно да ја браниме бугарската позиција во врска со билатералниот договор со Северна Македонија. Коалицијата ќе делува обединето, но нека работат експертите и нека го најдат најдобриот начин бугарската позиција да биде претставена и одбранета пред секој партнер“, објасни Бориславова. И категорично изјави дека „ова нема да биде власта што ќе го предаде бугарскиот национален интерес“.
„Во интерес на вистината, се обидовме во името на конструктивниот дијалог да разговараме за жешките теми- за Северна Македонија, ажурирањето на буџетот. Секоја од политичките партии го потврди својот став. Се надеваме на идни постапки од страна на дипломатите во МНР и реакција од Северна Македонија“, изјави Станислав Балабанов од ИТН.
Извор: Трибуна