Бугарскиот претседател Румен Радев официјално ја повика РС Македонија да ги вклучи Бугарите во својот устав и тие да имаат гаранции во основниот закон на Македонија и во „институционалната архитектура“ на земјата пред „да ја отвори вратата“ за преговори.

Радев ова го изјави во интервју за бриселското издание EurActiv, емитувано на првиот ден од Европскиот совет Запрашан дали неговите зборови значат дека Северна Македонија треба да го „промени својот устав“, тој одговори „тоа е прашање на принципи, а не на преговори“.

Според него, Бугарија слушнала многу ветувања без резултат за односите меѓу Скопје и Софија и има потреба од правни гаранции и „одржливи резултати“. „А што подобро од промена на уставот?“, изјави Радев.

 

Извор: Трибуна